Центарот за развој Вардарскиот плански регион го одржа четвртиот последователен регионален форум, за проектот реализиран преку грантовата шема за инвестициски проекти, а во рамки на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.
Постигнати резултати од проектот Изградба на скејт парк со 7 елементи и уредување на пешачки и велосипедски патеки во Вардарски плански регион:
– Поставено плато за екстремни спортови на површина од 800 м2, општина Кавадарци,
– Уредени велосипедски и пешачки патеки како и комунално уредување на качувачкиот локалитет во Демиркаписката Клисура во близина на река Челевечка, општина Демир Капија,
– Проширена и стабилизирана планинарска патека до изворите на река Бабуна, општина Чашкa.
Финансиската поддршка е обезбедена од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
No comment yet, add your voice below!