Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 27.10.2020 година ја одржа првата работилница за подготовка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2020-2024, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финасиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој.
На работилницата беа презентирани наодите и анализата на специфичните потреби во Вардарскиот плански регион, SWOT анализата, дефинирање на визијата и одредување на сртатегиските области.
Претставниците од јавен, приватен и невладин сектор од општините од Вардарскиот регион имаа свое излагање за моменталната состојба, предизвиците и можностите за развој на релевантната општина во следните предложени области:
– Зајакнати потенцијали за регионален развој преку вложување во “тврда” инфраструктура Економски развој на регионот преку максимално искористување на потенцијалите за развој на туризмот и земјоделието
– Заштита на животна средина преку зголемено искористување на обновливите извори на енергија и инвестиции во енергетска ефикасност
– Зајакнување на човечките потенцијали преку подобрување на квалитетот на образованите, здравствените и социјално-инклузивните услуги во регионот
– Задржување на младите во регионот преку поддршка на претприемништвото и регионалната стартап сцена, развојот на дигиталните вештини и иновациите во приватниот и јавниот сектор.
No comment yet, add your voice below!