Skip to content

Одржана втора регионална онлајн работилница за изработка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2020-2024 година

ДАТУМ

ноември 19, 2020

Категории

 Одржана втората регионална онлајн работилница за изработка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2020-2024 поддржана преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со финансиска поддршка од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.


 На истата беа презентирани стратешките области предложени од претходната прва работилница. Имено, втората онлајн работилницата беше креирана на начин да сите учесници се вклучат и го кажат своето мислење или предлог идеја за дефинирањето на приоритети, мерките и индикаторите во рамки на стратешките области од Програмата за развој на Вардарскиот плански регион 2020-2024, исто така се разговараше и за изработката на едногодишниот Акциски План за 2021 во рамки на Програмата.


 Овој стратешки документ ќе претставува еден план или правец на идните активности, сè со цел да се оствари визијата, мисијата и целите на Вардарскиот плански регион.


 Центарот за развој на Вардарски плански регион до крајот на овој месец ќе има изготвено драфт-верзија на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2020-2024 која што ќе биде презентирана на уцесниците од јавниот, приватниот и невладин сектор преку одржување на онлајн финална конференција..

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy