Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 23.11.2020 година ја одржа онлајн XIII- та седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.
На истата беше извршена презентација од страна на експертот Весна Кузмановиќ за предлог концептите со регионално значење за Вардарскиот плански регион произлезени од првата форумска сесија, а наменети за аплицирање по Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, финансиски поддржана од Министерство за локална самоуправа- Биро за регионален развој.
Имено, членовите на Советот едногласно ја изгласаа Одлуката за утврдување на концепт решенијата со регионално значење и приоритет за Вардарскиот плански регион.
No comment yet, add your voice below!