Skip to content

Започна со работа Прехрамбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти (ПТЦ)

ДАТУМ

февруари 23, 2021

Категории

,

Започна со работа ПРЕХРАНБЕНО-ТЕХНОЛОШКИ ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ (ПТЦ), во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, а финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

Овој Центар претставува долгорочен стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентноста во Вардарскиот плански регион преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис заеницата од прехранбениот сектор и академската институција, односно Технолошко-техничкиот факултет (ТТФ), единица при универзитетот „Св. Климент Охридски“ лоцирана во Велес. Притоа, Центарот има улога на партнер за компаниите во процесот на развојот на иновативни продукти и/или подобрување на постоечките производи и технологии. Услугите на Центарот ќе бидат достапни и за заинтересираните дипломирани и актуелни студенти на сите три циклуси студии, кои се мотивирани да ги подобрат своите стручни перформанси и претприемачки потенцијал со цел да започнат сопствен бизнис.

В.Д. Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Д-р Игор Андреев изјави: “Драго ми е што, успеавме да го имплементираме овој проект, од кој бенефит ќе имаат фирмите во регионот. 

Особено е важна поддршката за компаниите во прехрамбениот сектор, во пост-ковид периодот, во кој треба да зборуваме за реален раст, а не само за преживување. 

Раст, кој е возможен само преку иновации и понуда на нови производи, согласно потребите на новите генерации потрошувачи. 

Токму, во тоа е најголемата вредност на услугите кои ќе им ги нуди на фирмите овој Центар. Да им помогне да иновираат и развијат нови производни асортимани, со кои ќе ја зајакнат конкурентската позиција на домашниот, но и на пазарите во соседните земји, ЕУ и пошироко.

Благодарам на сите учесници на форумите, како и на Градоначалниците од регионот, кои низ партиципативен и демократски процес му дадоа приоритет на овој проект. 

Благодарност до Донаторите (МЛС и ШАРС), тимот на проектот за “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” и Професорите од ТТФ-Велес, за огромната поддршка во процесот на имплементација на проектните активности. 

Се надевам дека заеднички ќе успееме да реализираме уште голем број иновативни проекти, кои ќе придонесат за зајакнување на регионалната конкурентност по сите основи. И, преку подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општините од регионот, но и со привлекување нови инвестиции и туристи.“

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy