Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 31.03.2021 година ја оддржа онлајн седумнаесетата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион, на која Градоначалниците изразија задоволство од сработеното во 2020 година, во која целосно се завршија 20 проекти од огромно значење за регионалниот развој. На Седницата, едногласно беа усвоени следниве документи:
– Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2020 година;
– Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2020 година;
– Годишен финансиски извештај за работењето на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2020 година;
– Завршна сметка на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2020 година.
Исто така, Центарот за развој на Вардарски плански регион донесе Кодекс за употреба на социјалните медиуми од страна на вработените и ангажираните лица во Центарот, за што беа информирани и членовите на Советот за развој на ВПР.
No comment yet, add your voice below!