Со засилено темпо стартуваа градежните активности за изградбата на инклузивното игралиште за лица со посебни потреби на велешкото езеро Младост, во рамки на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.
Покрај инклузивното игралиште, за лицата со попреченост ќе се обезбедат и велосипеди (трицикли) како и реквизити за спортски активности во вода.
Огромна благодарност до Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Швајцарската развојна агенција (SDC), за финансиските средства кои ги одобрија за имплементација на овој проект од големо значење за жителите во целиот регион!
No comment yet, add your voice below!