Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Сл. Весник бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12,13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18, 110/19 и 267/20), согласно Правилникот за внатрешна систематизација и систематизација на работни места на Центарот за развој на Вардарски плански регион дел.бр.02-189/5/5 од 26.12.2013 година и Согласност за вработување од Претседател на Совет за развој на Вардарски плански регион дел. бр. 04-84/1 од 31.03.2021 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион, Велес, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на работник на неопределено време
I. Центарот за развој на Вардарски плански регион има потреба од вработување на:
- Виш соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки на неопределено време – 1(еден) извршител – нето плата 24.402,00 денари.
Кандидатот треба да има стекнато универзитетска диплома со стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити или завршено VII/1 степен, економски факултет, со работно искуство од најмалку 2 години.
Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
Покрај општите услови предвидени со закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни знаења, вештини и способности:
- Тимска работа, познавање на англиски јазик, добри компјутерски вештини, управување со проектен циклус, познавање на регионален развој.
II. Јавниот оглас трае 5(пет) дена од денот на објавувањето.
Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 8 (осум) дена од денот на донесување на Одлука за избор на кандидатот.
Кандидатите треба да приложат:
- Kратка биографија CV;
- Заверен препис на уверение-диплома за завршено образование;
- Сертификат/диплома за познавање на англиски јазик;
- Потврда – диплома за познавање на работа со компјутери/MS Office;
- Доказ за работно искуство.
III. Пријавата со потребната документација се доставува до Центарот за развој на Вардарски плански регион, ул. Шефки Сали бр.4, 1400 Велес или лично во Архивата на Центарот за развој на Вардарски плански регион во временски период од 08:00 до 16:00 часот.
Со кандидатите ќе биде спроведено интервју од страна на Комисија формирана од в.д. Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Кандидатите дополнително ќе бидат известени за времето и местото на одржување на интервјуто.
No comment yet, add your voice below!