Врз основа на 23 став 4 од Законот за работни односи (Сл. Весник бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12,13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18, 110/19 и 267/20), согласно Правилникот за систематизација на работни места на Центарот за развој на Вардарски плански регион дел.бр.02-189/5 од 26.12.2013 година и Согласност за вработување од Претседател на Совет за развој на Вардарски плански регион дел. бр. 04-84/1 од 31.03.2021 година по Огласот за вработување на Виш соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки во Центарот за развој на Вардарски плански регион- 1 извршител на неопределено време бр. 04-186/2 од 12.04.2021 год., објавен на ден 13.04.2021 година, В.д. Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион ја донесе следната:
Одлука за неизбор
По јавен оглас за вработување на неопределено време на Виш соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки во Центарот за развој на Вардарски плански регион
По Јавниот Оглас дел. бр. 04-186/2 од 12.04.2021 година објавен во два дневни печати за вработување на Виш соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки во Центарот за развој на Вардарски плански регион – 1(еден) извршител на неопределено време, не се врши избор.
Донесената Одлука ќе биде објавена на веб страната на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
Образложение:
На ден 31.03.2021 година, Претседателот на Советот за развој на Вардарски плански регион даде согласност за вработување на едно лице на работна позиција Виш соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки во Центарот за развој на Вардарски плански регион дел. бр. 04-84/1 од 31.03.2021, на неопределено време, а согласно Правилникот за систематизација на работни места на Центарот за развој на Вардарски плански регион дел.бр.02-189/5 од 26.12.2013 година. При што се пристапи кон пријавување во Агенција за вработување со поднесување на ППР образец на ден 12.04.2021 година, а на ден 13.04.2021 година се објави оглас во дневните печатени весници: Слободен печат и Коха.
На ден 20.04.2021 година Комисија за спроведување на постапката за вработување и интервју со кандидатите по распишан Јавен оглас за вработување на работник во Центарот за развој на Вардарски плански регион достави Записник дел. бр. 04-86/7 од 20.04.2021 година до В.д Раководителот, со кој му предложи да не изврши избор по Огласот, по што тој донесе Одлука како во диспозитивот.
Правна поука:
Против оваа Одлука може да се поднесе жалба во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија.
Comments are closed for this article!