Skip to content

Одлука за избор на работна позиција

ДАТУМ

мај 6, 2021

Категории

Врз основа на член 23, став 4 од Законот за работни односи (Сл. Весник бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12,13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18, 110/19 и 267/20), согласно Правилникот за внатрешна систематизација и систематизација на работни места на Центарот за развој на Вардарски плански регион дел.бр.02-189/5/5 од 26.12.2013 година и Согласност за вработување од Претседател на Совет за развој на Вардарски плански регион дел. бр. 04-84/1 од 31.03.2021 година, В.д.Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 06.05.2021 година, ја донесе следната:     

 

ОДЛУКА

За избор на работник на работна позиција Виш соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки при Центарот за развој на Вардарски плански регион

 

 

Член 1

Од пријавените кандидати по Огласот за избор на работник на работна позиција Виш соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки при Центарот за развој на Вардарски плански регион – 1 извршител на неопределено време бр. 04-97/2 од 27.04.2021 год., објавен на ден 28.04.2021 година, за извршител на работите е избран кандидатот ­­­­Михајло Вчков.

Член 2

Изборот помеѓу пријавените кандидати е извршен во согласност со објавениот оглас бр.04-97/2 од 27.04.2021 год., приложената документација со пријавата на кандидатот од која е утврено дека во целост ги исполнува бараните услови и резултатите од спроведената постапка за вработување.

 

Член 3

Временскиот период за извршување на предвидените активности е на неопределено време.

Член 4

Се задолжува комисијата за спроведување на интервјуто со пријавениот кандидат да го извести избраниот кандидат по Јавниот оглас.

 

Член 5

Донесената Одлука ќе биде објавена на веб страната на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 

Член 6

За спроведување на оваа Одлука е задолжен В.д. Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 

Член 7

Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на нејзиното донесување.

 

 

 

Образложение:

На ден 27.04.2021 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион донесе одлука за објава на  Оглас за избор на лице на работна позиција Виш соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки при Центарот за развој на Вардарски плански регион – 1 извршител на неопределено време  во два дневни весника од кои еден од весниците што се издаваат на македонски јазик (Слободен печат) и еден весник што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (Коха).

По огласот беа поднесени документи од еден кандидат.

Со Решение бр.04-97/3 од 27.04.2021 година формирана е Комисија за спроведување на постапката за вработување, проверка на благовременоста и комплетноста на поднесените документи од пријавените кандидат и спроведување на интервју со кандидатите, која за својата работа изготви Записник од одржаниот состанок бр.04-97/5 од 05.05.2021 година, во кој се содржи и листа на кандидати за вработување кои ги исполнуваат условите по објавениот оглас, во која влезе само кандидатот Михајло Вчков, а исто така изготви и Записник од спроведено интервју со кандидатот дел. бр.04-97/7 од 06.05.2021 година.

Поради сето погоренаведено се одлучи како во диспозитивот.

 

 

Правна поука:

Против оваа Одлука може да се поднесе жалба во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија.

 

 

 

                                                              Центар за развој на Вардарски плански регион

                                                                                                                                                                                   В.Д Раководител

Д-р Игор Андреев

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy