Врз основа на член 23, став 4 од Законот за работни односи (Сл. Весник бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12,13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18, 110/19 и 267/20), согласно Правилникот за внатрешна систематизација и систематизација на работни места на Центарот за развој на Вардарски плански регион дел.бр.02-189/5/5 од 26.12.2013 година и Согласност за вработување од Претседател на Совет за развој на Вардарски плански регион дел. бр. 04-118/1 од 28.05.2021 година, В.д.Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 11.06.2021 година, ја донесе следната:
ОДЛУКА
За избор на работник на работна позиција Соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки при Центарот за развој на Вардарски плански регион
Член 1
Од пријавените кандидати по Огласот за избор на работник на работна позиција Соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки при Центарот за развој на Вардарски плански регион – 1 извршител на неопределено време бр. 04-118/3 од 31.05.2021 год., објавен на ден 01.06.2021 година, за извршител на работите е избран кандидатот Тодор Миладиновски.
Член 2
Изборот помеѓу пријавените кандидати е извршен во согласност со објавениот оглас бр.04-118/3 од 31.05.2021 год., приложената документација со пријавата на кандидатот од која е утврено дека во целост ги исполнува бараните услови и резултатите од спроведената постапка за вработување.
Член 3
Временскиот период за извршување на предвидените активности е на неопределено време.
Член 4
Се задолжува комисијата за спроведување на интервјуто со пријавениот кандидат да го извести избраниот кандидат по Јавниот оглас.
Член 5
Донесената Одлука ќе биде објавена на веб страната на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Член 6
За спроведување на оваа Одлука е задолжен В.д. Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Член 7
Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на нејзиното донесување.
Образложение:
На ден 28.05.2021 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион донесе одлука за објава на Оглас за избор на лице на работна позиција Соработник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки при Центарот за развој на Вардарски плански регион – 1 извршител на неопределено време во два дневни весника од кои еден од весниците што се издаваат на македонски јазик (Слободен печат) и еден весник што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (Коха).
По огласот беа поднесени документи од еден кандидат.
Со Решение бр.04-118/5 од 01.06.2021 година формирана е Комисија за спроведување на постапката за вработување, проверка на благовременоста и комплетноста на поднесените документи од пријавените кандидат и спроведување на интервју со кандидатите, која за својата работа изготви Записник од одржаниот состанок бр.04-118/9 од 09.06.2021 година, во кој се содржи и листа на кандидати за вработување кои ги исполнуваат условите по објавениот оглас, во која влезе само кандидатот Тодор Миладинов, а исто така изготви и Записник од спроведено интервју со кандидатот дел. бр.04-118/11 од 11.06.2021 година.
Поради сето погоренаведено се одлучи како во диспозитивот.
Правна поука:
Против оваа Одлука може да се поднесе жалба во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија.
Центар за развој на Вардарски плански регион
В.д.Раководител
Д-р Игор Андреев
No comment yet, add your voice below!