На 19.07.2021, во х.Романтик, Велес се одржа информативна сесија за општините од Вардарски плански регион за отворениот повик за доставување апликации за грантови во рамки на проектот „Пост – КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“, објавен од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во соработка со Бирото за регионален развој.
На присутните претставници од локалните самоуправи во регионот, како и на Центарот за развој на Вардарски плански регион им се изврши презентирање на условите за аплицирање, критериумите за селекција и евалуација, при што се генерираа и можни проектни идеи
Грантовите се во износ од 30.000 до 50.000 УСД и се наменети за поттикнување на меѓуопштинскате соработка преку имплементација на иновативни проекти за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во регионот. Центарот за развој на Вардарски плански регион ќе им помогне на општините во процесот на селекција и разработка на идеите со кои тие ќе се одлучат да аплицираат на конкретниот повик.


No comment yet, add your voice below!