Skip to content

Огромна Владина подршка за развој на земјоделието во Вардарскиот плански регион

ДАТУМ

јули 23, 2021

Категории

,

  • Денес во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се потпишаа договорите со кои се доделува финансиска поддршка за развој на планските региони, во областа на земјоделството и руралниот развој.

 

  • Со имплементација на овие проекти Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност.

 

  • Потпишувањето на договорите за финансирање на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност, е овозможено преку Програмата за капитални субвенции.

 

  • Доделувањето на средства за Центрите за развој на планските региони, е една од мерките која овозможува регионален развој и е поддршка на аграрните политики за развој на нашите села за кои што се залага оваа влада.

 

Со вкупен износ од 2.523.453 денари, подржана е реализацијата на три проекти во Вардарскиот плански регион и тоа :

 

  1. Реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во Општина Чашка, месност с.Војница – место викано Дрење, во должина од 600 метри.
  2. Санација на пристапен пат до земјоделско земјиште во месноста Солена Вода, Општина Неготино, во должина од 700 метри.
  3. Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во Општина Градско, од село Виничани до земјоделски површини во место викано Свети Илија, во должина од 900 метри.

 

  • Во име на Центарот за развој на Вардарски плански регион, договорите со Министерот Арјанит Хоџа ги потпиша в.д Раководителот Д-р. Игор Андреев.

 

Повеќе информации на следниот линк

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy