- Градоначалниците на општините Градско, Чашка и Неготино во текот на вчерашниот ден потпишаа договори со в.д Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Д-р Игор Андреев за подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини.
- Реализирани ќе бидат следните проекти :
Општина Градско – Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделскo обработливo земјиште во општина Градско од с.Виничани до м.в. Свети Илија – (Ѓорѓиица) во должина од вкупно 900 метри (500м+400м),
Општина Чашка – Реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во месност с.Војница – место викано Дрење, во должина од 600 метри,
Општина Неготино – Санација на пристапен пат до земјоделско земјиште во месноста Солена Вода, Општина Неготино, во должина од 700 метри.
Вкупната вредност на овие проекти е 2.523.453 денари коишто се обезбедени преку Центарот за развој на Вардарски плански регион од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за капитални субвенции.
Реализација на проектите се очекува по завршување на постапката за јавна набавка кон почетокот на месец Септември!
No comment yet, add your voice below!