Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, во рамките на проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа и Општина Велес,
Ве покануваат на промоцијата и отворањето на инклузивното игралиште „Парк на срцата“,
кое ќе се одржи во недела, на 15 август 2021 година.
- 18:30 часот – Презентација на реквизити за пристап до плажа и вода на лицата со ограничена мобилност
– Локација: Прва плажа на езеро младост
- 19:00 часот – Музички хепенинг со R’n’B Neighbours и специјалните музички гости ДНК
– Локација: Инклузивно игралиште „Парк на срцата“ на Езеро Младост
Ќе ни претставува особена чест да присуствувате на овој настан
No comment yet, add your voice below!