Skip to content

ДАТУМ

ноември 16, 2021

Категории

,


На 12 ноември 2021 година во Велес се одржа првиот Регионален саем на социјалните претпријатија од Вардарскиот плански регион, во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.

 

  • Настанот се организираше во рамките на Глобалната недела на претприемништвото во соработка со X Фактор Акцелератор од Велес.

 

  • На саемот беше презентирана социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на дваесетина социјални претпријатија од Вардарскиот регион и невладините организации кои се занимаваат со одредена економска активност. Истовремено, беа презентирани успешни примери за социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион, а беа изложени и штандови на кои учесниците разменуваа идеи и искуства.

 

  • Поздравно обраќање имаше Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.
    • „Денеска официјално го отвораме првиот Регионален саем на социјални претпријатија во Вардарски плански регион кој воедно претставува модел и имплементација на еден поинаков и поактивен пристап на обезбедување на поддршка на локалната заедница и граѓаните од ранливите категории. Сите ние сме поврзани меѓу себе, граѓанските организации, социјалните претпријатија, јавите институции, училиштата, универзитетите, локалните бизниси. Заедно можеме да оствариме нов почеток, интегриран регионален потенција со цел изнаоѓање на нов начин за соработка и решавање на социјално општествените предизвици преку вклучување на луѓето од ранливите категории“, истакна Колев.

 

  • На крајот од Регионалниот саем беше организирана тркалезна маса каде беа дискутирани и можностите за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни.

 

  • Регионалниот саем беше организиран од страна на Проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy