Skip to content

Одржана Конститутивна Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

ноември 26, 2021

Категории

,

Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 26.11.2021 година, во просториите на општина Кавадарци, ја одржа Конститутивната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

На седницата беа верификувани мандатите на новите членови на советот, претставуван од градоначалниците на 9-те општини од Вардарски плански регион.

За претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион, беше избран Г-дин Марко Колев, Градоначалник на општина Велес.

На истата седница од страна на советот беше избран и в.д Директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Г-ѓа Татјана Темелковска, професионалец во креирање и имплементација на политиките на рамномерниот регионален развој и повеќегодишно вработено лице  во стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

На истата седница беа разгледани и донесени одлуки за повеќе точки од важност за понатамошниот развој на регионот.

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy