Skip to content

Јавен оглас за вработување на работници на неопределено време

ДАТУМ

декември 3, 2021

Категории

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Сл. Весник бр. 62/2005, …, 151/21), Правилникот за систематизација на работните места во Центарот за развој на Вардарски плански регион бр. 01-221/1 од 26.11.2021 година,  Согласност за вработување од страна на Совет за развој на Вардарски плански регион бр. 04-230/1 од 30.11.2021 година и Одлуката за распишување на Јавен оглас од страна на в.д. Директорот на Центар за развој на Вардарски плански регион бр.04-231/1 од 01.12.2021 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион,  распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС

         За вработување на 4 (четири) лица на неопределено време во стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион

Центарот за развој на Вардарски плански регион има потреба од вработување на 4 (четири) лица на неопределено време, на работно место:

I. Одделение за општи и административни работи, финансии и јавни набавки:

  1. Советник за општи и административни работи, финансии и јавни набавки– 1(еден) извршител – основна (нето) плата од 26.323,00 денари.

Општи услови за кандидатот:

  • да е државјанин на РСМ;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да не е донесена правосилна судска одлука со која делумно или во целост му е забрането да врши професија, дејност или должност.

Посебни услови за кандидатот:

  • кандидатот треба да има стекнато универзитетска диплома со стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити или завршено VII/1 степен;
  • правен или економски факултет, со работно искуство од најмалку 3 години.

Покрај општите и посебните услови предвидени со закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните знаења, вештини и способности:

  • тимска работа, професионално познавање на пишан и говорен англиски јазик, добри компјутерски вештини, искуство со работа во извршување на нормативно – правни работи, управување со човечки ресурси, подготовка на планови и извештаи, познавања од областа на јавните набавки. 

Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

  1. Хигиеничар – 1 (еден) извршител – основна (нето) плата од 15.500,00 денари

Општи услови за кандидатот:

  • да е државјанин на РСМ;
  • да е полнолетен;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да не е донесена правосилна судска одлука со која делумно или во целост му е забрането да врши професија, дејност или должност.

Посебни услови за кандидатот:

  • кандидатот треба да има завршено средно образование;
  • со или без работно искуство.

Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.                

II. Одделение за имплементација на проекти, регионален развој и меѓуопштинска соработка:

        3. Советник во одделение за имплементација на проекти, регионален развој и меѓуопштинска соработка– 1 (еден) извршител – основна (нето) плата од 26.323,00 денари.

Општи услови за кандидатот:

  • да е државјанин на РСМ;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да не е донесена правосилна судска одлука со која делумно или во целост му е забрането да врши професија, дејност или должност.

Посебни услови за кандидатот:

  • кандидатот треба да има стекнато универзитетска диплома со стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити или завршено VII/1 степен;
  • работно искуство од најмалку 3 години;

Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Покрај општите и посебните услови предвидени со закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни знаења, вештини и способности:

  • тимска работа, професионално познавање на пишан и говорен англиски јазик, добри компјутерски вештини, управување со проектени циклуси, организациони способности за подготвување обуки/ семенири за едукација и советување за градење на капацитети и зајакнување на социјални претпријатија, граѓански организации и мали и средни претпријатија, познавање на регионален развој.  

III. Одделение за меѓународна соработка:

  1. Виш соработник за меѓународна соработка – 1 (еден) извршител –основна (нето) плата од 24.402,00 денари.

Општи услови за кандидатот:

  • да е државјанин на РСМ;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да не е донесена правосилна судска одлука со која делумно или во целост му е забрането да врши професија, дејност или должност.

Посебни услови за кандидатот:

  • кандидатот треба да има најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • работно искуство од најмалку 2 година во струката.

Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Покрај општите и посебните услови предвидени со закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни знаења, вештини и способности:

  • тимска работа, професионално познавање на пишан и говорен англиски јазик, добри компјутерски вештини, управување со проектни циклуси, организациони способности, искуство во работа со меѓународни организации, познавања на регионалниот развој.

Јавниот оглас трае 3 (три) работни дена.

Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 8 (осум) дена од денот на донесување на Одлука за избор на кандидатот.

Кандидатите од точка I.1, II.3 и III.4 треба да приложат:

  • Kратка биографија CV;
  • Заверен препис на уверение-диплома за завршено образование;
  • Сертификат/диплома за познавање на англиски јазик;
  • Потврда – диплома за познавање на работа со компјутери/MS Office;
  • Доказ за работно искуство;
  • Уверение за државјанство на РСМ;
  • Уверение за неосудуваност.

Кандидатот од точка I.2 треба да приложи:

  • Кратка биографија CV;
  • Заверен доказ за завршено образование;
  • Доказ за работно искуство (за кандидатите со работно искуство);
  • Уверение за државјанство на РСМ;
  • Уверение за неосудуваност.

Пријавата со потребната документација се доставува исклучиво до Центарот за развој на Вардарски плански регион, ул. Шефки Сали бр.4, 1400 Велес или лично во Архивата на Центарот за развој на Вардарски плански регион во временски период од 08:00 до 16:00 часот. (Доставените пријави на друг начин, нема да бидат разгледани од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.)

Со кандидатите ќе биде спроведено интервју од страна на Комисија формирана од в.д. Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Кандидатите дополнително ќе бидат известени за времето и местото на одржување на интервјуто.

                                                                                    Центар за развој на Вардарски плански регион

                                                                                              В.д. Директор

                                                                                        Татјана Темелковска

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy