Skip to content

Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

декември 10, 2021

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години

 

Основни критериуми за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Вардарски плански регион се:

  • правните лица, апликанти да бидат регистрирани најмалку две години, со седиште и делување на подрачјето на општина во состав на планскиот регион,
  • правните лица, апликанти согласно со Статутот на организацијата да делуваат во областа на локалниот и на регионалниот развој и
  • правните лица, апликанти да имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.

Членот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Вардарски регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас.

Рок за пријавување : Јавниот повик е отворен до 20.12.2021 година.

Заинтересираните правни лица/апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:

  • Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за правното лице/апликант (полн назив и контакт податоци) и контакт податоци за овластеното лице, со потпис на овластено лице и печат на правното лице, во оригинал;
  • Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци сметано од крајниот рок за аплицирање по јавниот повик наназад, во оригинал;
  • Статут на организацијата, во фотокопија;
  • Потврди/препораки со кои се докажува дека правните лица – апликанти имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој, во фотокопија.

Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават во хартиена форма (лично или по пошта) до Архивата на Центар за развој на Вардарски плански регион, на адреса ул.„Шефки Сали“, бр.4, 1400 Велес, со назнака: „Пријава по Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата“.

Пријавите испратени по електронска пошта нема да бидат земени во предвид.

Нецелосната документација и онаа доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Лице за контакт за јавниот повик: Татјана Ѓурова, тел: 043/615-353.

Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на здруженија кои ги исполнуваат критериумите од огласот.

Пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Вардарски плански регион, на состанок организиран од Претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик во рок од 15 дена од денот на завршување на јавниот повик.

Претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик упатува официјална покана до здруженијата кои се пријавиле на јавниот повик.

Поканата се објавува на веб-страницата на Центарот за развој на Вардарски плански регион (www.vardarregion.gov.mk) најмалку три дена пред датумот на одржување на состанокот.

 

Совет за развој на Вардарски плански регион

                                                                                  Претседател

                                                                                         Марко Колев

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy