На 27-28.12.2021 година в.д Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г-ѓа Татјана Темелковска во име на Центарот за развој на Вардарски плански регион потпиша Договори за соработка со градоначалниците на општините од Вардарски плански регион за реализација на 4 проекти од две годишната програма за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година :
„Патна инфраструктура до туристички локалитети : археолошки локалитет Ѓуземелци – Кнежје во општините Лозово и Свети Николе (фаза 1), манастир Св. Архангел Михаил во општина Градско и куќата на Коле Неделковски во општина Чашка“;
„Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија“;
„Зајакнување на капацитетите на ТППЕ во општина Велес, Неготино, Свети Николе и Кавадарци преку набавка на високо професионални специјализирани возила согласно европските стандарди“;
„Подобрување на животниот стандард на граѓаните во Вардарски плански регион преку изградба на патна инфраструктура во ИЗ УЗУС – општина Велес“.
Вкупната вредност на овие проекти е 64.907.625 денари коишто се обезбедени преку Центарот за развој на Вардарски плански регион од Министерството за локална самоуправа – Биро за рамномерен регионален развој преку две годишната Програма за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година.
Реализација на проектите се очекува по завршување на постапката за јавна набавка кон почетокот на месец Март 2022 година !

No comment yet, add your voice below!