Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 29.12.2021 година ја одржа I-та онлајн Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.
- На оваа Седница беше извршена презентација на Драфт студија за изградба на прифатилиште за кучиња скитници во Вардарски плански регион од страна на експертски тим, финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),
- Се усвоија Акционен план за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2022 година и Финансиски план за 2022 година.
- На оваа седница се избра и претставник од здруженијата за член во Советот за развој на Вардарски плански регион.
No comment yet, add your voice below!