На 09.02.2022 година, Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија во Вардарскиот плански регион во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, организираше теренска посета на потенцијални социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион.
Претставници од проектниот тим г-ѓа Барбара Садовска и г-ѓа Сузана Трајковска Кочанковска ја искористија можноста да присуствуваат и на свеченото отворање на првиот групен дом за поддржано живеее на лицата со попреченост деинституционализирани од Специјалниот Завод Демир Капија, како резултат на успешно реализиран проект на потенцијалното социјално претпријатие Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес. На настанот присуствуваа и Градоначалникот на општина Велес и Министерката за труд и социјална политика.


No comment yet, add your voice below!