Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 24.02.2022 година ја одржа online II-та Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион
- На оваа Седница се усвои приоритетна листа за предлог-проектот “Подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интезивна земјоделска дејност во Вардарскиот плански регион”.
- Се донесе одлука за учество на Центарот за развој на Вардарски плански регион во проектот “Креирање на иновациски екосистем за поддршка на можностите за вработување на млади таленти од ИТ секторот во прекуграничниот регион”, одобрен во програмата ИНТЕРРЕГ – ИПА прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, финансиран од ЕУ.
- В.Д Директорот ги информираше градоначалниците за потребата од утврдување на локација за регионален стационар за кучиња скитници, локација која што е потребна за финализирање на Студијата за изградба на прифатилиште за кучиња скитници во Вардарски плански регион, која што е изработена со средства од УНДП.
- Договорено беше одржување на состанок со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање со цел изготвување на Просторен план на Република Северна Македонија и помош при изработка на истиот, во рамките на следната седница на Советот.
No comment yet, add your voice below!