Центарот за развој на Вардарски плански регион го започна процесот на Регионални форуми во заедницата кој е финансиски поддржани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Денес, се одржа првата форумска сесија каде што учесниците имаа можност да идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми поврзани со проритетните областите (инфраструктура и животна средина), истите беа избрани на форумот од странана на учесниците.
Центарот за развој на Вардарски плански региони добива финансиска поддршка за спроведување на проекти во рамки на:
– Грантовата шема (2022-2024) во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – фаза 2 финансирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка за што има предвидено максимум средства во висина од 19.870.000,00 денари и
– Програмата за регионален развој за 2022 со индикативни средства за 2023 година финансирана од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој со предвидени максимум средства во висина од 62.094.078,00 денари.
Активното партиципирање на учесниците на форумот во Вардарскиот плански регион е од особено значење за успешна реализација на регионалниот форумски процес.
No comment yet, add your voice below!