Центарот за развој на Вардарски плански регион во Општина Кавадарци отпочна со поставување на мерни станици во рамки на проект: “Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во Вардарски плански регион“.
Со поставување на вкупно 40 мерни станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини на територијата на Општина Кавадарци, Општина Неготино, Општина Росоман и Општина Демир Капија, односно на лозово – овоштарските насади.
Агрометеоролошките станици за заштита на земјоделските култури ќе даваат важни информации за:
-влажност на воздухот
-сончеви денови во годината
-количество на врнежи
-степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци кои што ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер со што значително ќе може да се допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди, а во исто време и зголемен принос со значително зајакнат квалитет на производите.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 9.982.800,00 денари од кои 9.000.000,00 денари обезбедени преку Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој, додека останатите средства се обезбедени со кофинансирање на општините корисници на овој проект.
No comment yet, add your voice below!