Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 16.08.2022 година (вторник) во просториите на општина Кавадарци ја организираше VII-тата Седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. На седницата присуствуваа сите 9 градоначалници од Вардарскиот плански регион и на истата се реализираа следните точки на дневен ред :
- Одлука за разрешување на в.д. Директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион
- Одлука за избор на Директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион
Претседателот на Советот за Развој на Вардарски плански регион во свое име и во име на сите градоначалници и се заблагодари на сега веќе поранешната в.д. директорка Татјана Темелковска за досегашното успешно раководење со Центарот, а воедно му посака успешна и плодна работа на ново избраниот директор кој што беше избран едногласно со мандат од четири години. Новиот директор е досегашниот Раководител на секторот за Локален економски развој во Општина Кавадарци, Сашо Мошев.
No comment yet, add your voice below!