Skip to content

Јавен конкурс за инструмент за поддршка по редовна постапка: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации

ДАТУМ

октомври 5, 2022

 Јавен конкурс за инструмент за поддршка по редовна постапка: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации
 
  • 🎯  Целта на инструментот е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.
  • 👉 Инструментот е наменет за претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, или подобен за финансирање на:
💡 активности за истражување и развој,
💡 активности за тестирање,
💡 активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост, дизајн,
💡 развој на пилот линии,
💡 активности поврзани со обезбедување квалитет,
💡 активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот).
 
  • 📌 Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до прет-комерцијална (прет-пазарна) фаза.
  • ⏳ Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите е до 17.11.2022 година, до 14.00 часот.

☎️За дополнителни информации за повикот и потреба од менторска поддршка може да се обратите во просториите на Бизнис Центарот при Центарот за развој на Вардарски плански регион, на мејлот dusica.malinkova@vardarregion.gov.mk или директно да се јавите на лицето за контакт:

Душица Габерова тел. број 075 309 976.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy