Skip to content

Потпишување на Договор за Јавна набавка на “4 (четири) противпожарни возила за потребите на ТППЕ Велес, Неготино, Кавадарци и Свети Николе”

ДАТУМ

октомври 12, 2022

Категории

,

Согласно Одлука за јавна набавка бр. 05-6/1 од 14.06.2022, Оглас бр.10137/2022, објавен на ЕСЈН и Одлуката за избор на најповолна понуда бр. 05-6/27 од 12.09.2022
 
  • На 12.10.2022 во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион, директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г.Сашо Мошев и управителот на ДТУ Мој Дилер ДООЕЛ – Скопје г.Дијана Стојковска како фирма избрана со најповолна понуда го потпишаа договорот за јавна набавка на стоки 4 (четири) противпожарни возила за потребите на ТППЕ Велес, Неготино, Кавадарци и Свети Николе”.
  • Реализација на проектот „Зајакнување на капацитетите на ТППЕ во општина Велес, Неготино, Свети Николе и Кавадарци преку набавка на високо професионални специјализирани возила согласно европските стандарди“ е дел од две годишната програма за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година.
  • Вкупната вредност на овој договор е 31.837.344денари со ддв, од коишто 24.600.000денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, додека останатиот дел од по 1.809.336денари како сопствено учество го обезбедија општините Велес, Неготино, Кавадарци и Свети Николе кои се дел од овој проект.
  • Испораката на четирите противпожарни возила за потребите на ТППЕ Велес, Неготино, Кавадарци и Свети Николе треба да биде реализирана во наредните 4 месеци.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy