Конкурс за ангажирање на еден финансиски менаџер
- Центарот за развој на Вардарски плански регион објавува конкурс за ангажирање на еден финансиски менаџер за потребите на проектот „Креирање на иновациски екосистем за поддршка на можностите за вработување на младите таленти од ИТ секторот во прекуграничниот регион (INNO-ECOSYSTEM)“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020.
- Заинтересираните кандидати за горенаведената работна позиција својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо, копија од Диплома за завршено образование, како и дополнителни документи за докажување на критериумите од конкурсот, со назнака „По конкурс за проект Креирање на иновациски екосистем за поддршка на можностите за вработување на младите таленти од ИТ секторот во прекуграничниот регион“, најдоцна до 02.11.2022 година (среда), до 16.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион, ул. „Шефки Сали” бр. 4, 1400 Велес, или електронски на следнава е-маил адреса info@vardarregion.gov.mk.
Целосниот текст на конкурсот како и прилозите може да се превземат од следниве линкови:
- Конкурс по проект INNO-ECOSYSTEM
- Прилог 1 – Работни задачи на финансиски менаџер
- Прилог 2 – Europass CV
- Прилог 3 – Прирачник за имплементација на проекти

No comment yet, add your voice below!