Skip to content

Потпишани договори за реализација на 4 проекти во Вардарски плански регион

ДАТУМ

ноември 14, 2022

Категории

,

 

На 11.11.2022 (петок) во Владата се потпишаа договорите за финансирање на 29 проекти во осумте плански региони, во вкупна вредност од 422 милиони денари, од кои на Вардарскиот плански регион се доделени 62.034.547 денари за следниве проекти :

 

  • Подобрување на инфраструктурната површина поврзана со туризмот и спортот, преку реконструкција на паркови и изградба на спортски центри во општините Велес, Свети Николе и Росоман” – доделени средства во износ од 27.704.975 денари
  • “Развој и унапредување на условите за одржување на чиста и здрава околина, преку набавка на специјализирани возила за одржување на хигиената на јавни површини во општините Демир Капија и Неготино” – доделени средства во износ од 13.577.009 денари
  • “Развој и унапредување на патната инфраструктура за поголема безбедност на патиштата, преку реконструкција на патиштата во општините Градско и Чашка” – доделени средства во износ од 13.805.183 денари
  • “Развој на инфраструктура за подобар економски развој во регионот, преку изградба на пазар за продажба на земјоделски производи” – доделени средства во износ од 6.947.380 денари

 

🤝На чинот на потпишувањето беше истакнато дека Владата обезбедува континуирана финансиска поддршка за поттикнување на рамномерниот регионален развој на планските региони и на општините и се очекува доделените средства да бидат максимално одговорно реализирани.
 
⭕️Политиката за рамномерен регионален развој е високо позиционирана меѓу приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, а нејзината цел е подобрување на благосостојбата на регионите, намалување на регионалните нерамномерности и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата.
Целта на оваа политика е подобрување на благосостојбата на регионите, намалување на регионалните нерамномерности и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата.
 
🗣️Во присуство на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, договорите за финансирање на проектите во име на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ги потпиша директорот Г. Сашо Мошев. Средствата за финансирање на проектите се обезбедени од Буџетот на државата, Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година.
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy