На 20.12.2022 во општина Свети Николе се одржа IX-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.
- На седницата присуствуваа градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.
- Усвоени беа неколку одлуки меѓу кои се :
- Годишна листа на предлог – проекти за развој на Вардарски плански регион за 2023 година со индикативни средства за 2024 година поддржана од страна на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.
- Одлука за усвојување на Акционен план за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2023 година.
- Одлука за усвојување на Финансиски план за 2023 година.
- Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Г.Сашо Мошев ги информираше градоначалниците за Договорот за реализација на инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”-II фаза“ и за изнаоѓање на соодветен начин за финансирање модел на одржливост со финансиска партиципација од страна на сите 9 општини од Вардарски плански регион во вид на годишна членарина што ќе се утврди со посебни Одлуки на Советите на секоја од општините и заедничка Одлука на Советот на планскиот регион, пред склучување на Договорот со првиот економски оператор.
- Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион ја искористи можноста лично да ги покани градоначалниците на примопредавањето на 4-те нови против пожарни возила, настан кој што ќе се одржи на 23.12.2022 пред општината во Кавадарци на кој што покрај градоначалниците на општините коишто ќе добијат возила ќе присуствува и Министерот за локална самоуправа Г.Ристо Пенов и Директорот на Бирото за регионален развој Г.Рамиз Реџепи.
- Градоначалниците се заблагодарија на директорот и вработените во центарот за успешно спроведените проекти во 2022 година и изразија надеж за уште подобра соработка во текот на следната 2023 година.
No comment yet, add your voice below!