Потпишан договор за изградба на “Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион”
На 19.04.2023 се потпиша Договорот за изградба на “Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион”, помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион и изведувачот на работите АС Машини Кавадарци.
Локацијата на објектот на “Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство” е на парцела во општина Кавадарци во населба Глишиќ на површина од 5470 м2, и истиот е наменет за сите девет општини од Вардарскиот плански регион.
Финансиската конструкција на овој проект изнесува 14.892.319 денари. Дел од средствата во висина од 5.119.385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада, а дел од средствата во висина од 9.772.933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа.

Согласно динамиката за изведување на градежните работи, објектот треба да биде готов во наредните 6 месеци.
Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштето на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства за оперативни трошоци за работење на центарот.
Проектот покрај изградбата на објектот ги опфаќа и следните активности:
Предвидените активности во рамки на проектот треба да бидат реализирани до крајот на 2024 година.
„Регионален центар за грижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион“ се однесува на хуман третман на животните со директно влијание врз здравјето и безбедноста на луѓето.
No comment yet, add your voice below!