Во тек се градежните активности во рамки на проектот „Хортикултурно и партерно уредување на просторот покрај течението на реката Црна Река“ во општина Росоман, во рамки на кои ќе се добие ново урбано катче во кое ќе бидат изградени пешачки патеки и поставени клупи, масички, летниковци, перголи, фитнес справи, детски реквизити и останати содржини.
Имплементатор на проектот е Центар за развој на Вардарски плански регион.
Изведувач на градежните работи е Градба Промет Кавадарци
Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!