На 18.08.2023 во општина Чашка се одржа XIII-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.
- На седницата присуствуваа градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.
- Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион ги информираше градоначалниците од регионот за текот на реализација на проектните активности во рамки на проектот „Регионален Центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство“;
- Дополнително во следната точка на дневниот ред директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион ги информираше градоначалниците од регионот за степенот на реализација за тековните проекти финансирани во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој 2022-2023 година од страна на Биро за регионален развој – Министерство за локална самоуправа;
No comment yet, add your voice below!