На 20.11.2023 во општина Кавадарци се одржа XIV-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.
- На седницата присуствуваа градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.
- Директорот ги информираше членовите за степенот на реализација на степенот на реализација за тековните проекти финансирани во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој 2022-2023 година од страна на Биро за регионален развој – Министерство за локална самоуправа, како и за предизвиците кои што ги имал Центарот при реализација на истите.
- Дополнително во следната точка на дневниот ред директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион ги информираше градоначалниците од регионот за одобрен резервен проект од Програмата за регионален развој за 2022/2023 година „Подобрување на животната средина преку набавка на специјализирани возила и приклучна механизација во општините од Вардарскиот плански регион“ во кои партнери се сите девет општини, истакнувајќи дека Договорот со Бирото за регионален развој ќе се склучи наскоро и затоа е потребно сите градоначалници да ги ревидираат своите предлог-проекти, со цел веднаш по потпишувањето да се започне со јавна набавка.
- По одржаната расправа во рамки на петтата точка едногласно е донесена Одлука за организација на стручната служба на Центар за развој на Вардарски плански регион.
- Во рамките на шестата точка се отвори дискусија каде градоначалниците ги искажаа своите ставови и притоа едногласно дадоа позитивно Мислење за Правилникот за систематизација на работните места во Центарот за развој на Вардарски плански регион
- На седницата согласно законските одредби по завршетокот на едногодишниот мандат на досегашниот претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион – Градоначалникот на Свети Николе Г. Дејан Владев се изврши предлог за разрешување и усвојување на нов претседател на советот. Едногласно за нов претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион се избра Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски.
No comment yet, add your voice below!