Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 30.11.2023 година ја одржа XV-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион – online.
На седницата се вклучија онлајн градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.
Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион ги информираше градоначалниците од регионот за спроведената форумска сесија и за предлог проектите коишто произлегоа од истата, а презентација на истите изврши ангажираниот надворешен експерт Дејан Ѓурчиновски. Посебен осврт имаше на АТП анализата односно детално беа презентирани придобивките и финансиската исплатливост на секој проект поединачно со заклучок дека секој проект е финансиски издржан и оправдан.
Советот едногласно даде позитивно мислење за спроведената форумска сесија.
Под точка разно се разменија информации за следните повици за проекти и со тоа се заврши online седницата.
No comment yet, add your voice below!