Skip to content

Одржана XVI – та седница на Совет за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

декември 28, 2023

На 27.12.2023 во општина Лозово се одржа XVI-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

 
  • На седницата присуствуваа градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.

  • Донесена е Одлука за за усвојување на Листа на предлог проекти за развој на Вардарски плански регион за 2024 година со индикативни средства за 2025 година финансирани од страна на Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој рангирани според следниов редослед :

  1. „Подобрување на инфраструктурата поврзана со спортот и рекреацијата, преку реконструкција на паркови, изградба на спортски центри и картинг во општините Велес, Кавадарци, Демир Капија, Лозово и Неготино“;

  2. „Развој и унапредување на патната инфраструктура за поголема безбедност на патиштата преку изградба на пат во с. Раковец, општина Чашка“;

  3. „Подобрување на условите во образованието со модернизирана и енергетско ефикасна инфраструктура, преку реконструкција на кров и фасада на зградата на СОУ Кочо Рацин – Свети Николе“;

  4. „Зачувување на животната средина во Вардарскиот плански регион преку изградба на атмосверска канализација во општина Росоман“;

  5. Подобрување на туристичките потенцијали и развој на туризмот, преку санација и реконструкција на старата општинска зграда во општина Градско“;

  • Kако резервен проект на листата е додаден проектотПодобрување на условите во основните училишта во Вардарски плански регион преку набавка на соодветна опрема“,
  • Едногласно се усвои Акциониот план за спроведување на Програмата за развој на Вардарскиот плански регион 2020-2024. 

  • Едногласно се усвои Финасискиот план за 2024 година

  • Презентација направи  победничкиот тим на Старт-Ап програмата за турузам во рамки на проектот „Креирање на иновациски екосистем за поддршка на можностите за вработување на млади таленти од ИТ секторот во прекуграничниот регион (INNO-ECOSYSTEM), во партнерство со Здружение-Асоцијација на Информатички компании од Северна Грција и Фондација за одржлив и економски развој „ПРЕДА ПЛУС“

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy