

Со цел да се подобрат условите за спорт и рекреација на жителите во Општина Свети Николе / Municipality of Sveti Nikole, Центар за развој на Вардарски плански регион го реализира проектот за изградба на балон сала. 



Балон салата се поставува во склоп на @Општинското средно училиште Кочо Рацин, што ќе овозможи подобри услови за спортски активности за учениците, но и за сите граѓани кои сакаат да се вклучат во спортот и да се рекреираат во текот на целата година. 

Проектот е финансиран преку програмата за рамномерен регионален развој, со кофинансирање од страна на Општина Свети Николе / Municipality of Sveti Nikole.
No comment yet, add your voice below!