Центар за развој на Вардарски плански регион успешно го спроведе проектот во Општина Градско, кој вклучува изградба на нови јавни простори за рекреација и игра. Проектот обединува неколку важни компоненти кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот во општината. Проектот е целосно завршен и финансиран преку програмата за рамномерен регионален развој, со кофинансирање од страна на Општина Градско.

• Изградба на кошаркарско игралиште
• Нов детски парк со хортикултурно уредување
• Клупи и масички за седење за удобност и релаксација
• Нов простор за играње на деца
• Канделабри за осветлување на јавните простори
• Канти за отпадоци за одржување на чистотата
Со оваа инвестиција, Општина Градско добива нови места за активен одмор, забавување и уживање на сите возрасти, што придонесува за подобра инфраструктура и естетика на општината.
No comment yet, add your voice below!