Центар за развој на Вардарски плански регион успешно го спроведе проектот за доизградба на кејот на реката Луда Мара во Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci.
Проектот вклучува изградба на кеј во должина од 700 метра, како и партерно уредување и поставување на ново осветлување.
Проектот е целосно завршен и финансиран преку програмата за рамномерен регионален развој, со кофинансирање од страна на Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci.

• Доизградба на кејот на реката Луда Мара (700 метри)
• Партерно уредување на просторот околу реката
• Осветлување на кејот за безбедност и естетски изглед на просторот
Овој проект значително ја подобрува инфраструктурата во Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci и нуди нови можности за прошетки, рекреација и уживање во природата за сите жители и посетители.
No comment yet, add your voice below!