
Со цел да се создадат подобри услови за спорт и рекреација на најмладите, Центар за развој на Вардарски плански регион успешно го реализира проектот за изградба на три нови паркови за деца во Општина Росоман (официјална страна)
Парковите се опремени со спортски реквизити и се сместени во следниве населени места:
• Сирково
• Манастирец
• Паликура
Овој проект ќе овозможи на децата од овие места да уживаат во активностите на отворено и да ги развиваат своите спортски вештини. 

Проектот е целосно завршен и финансиран преку програмата за рамномерен регионален развој, со кофинансирање од страна на Општина Росоман (официјална страна).
No comment yet, add your voice below!