Еден од успешните проекти реализирани од страна на Центар за развој на Вардарски плански регион е реконструкција на спомен костурницата во Велес!
Проектот е во фаза на реализација и финансиран преку програмата за рамномерен регионален развој, со кофинансирање од страна на Општина Велес.

• Уредување на партерниот простор околу спомен костурницата
• Потполно ново осветлување со LED сијалици, за поефикасно и безбедно осветлување
• Изградена е нова патека, овозможувајќи пристап за лица со инвалидитет
• Поставени се нови детски реквизити за најмладите да уживаат
Со ова, не само што се подобрува естетиката на овој важен меморијален простор, туку и се создаваат подобри услови за сите посетители. 





No comment yet, add your voice below!