Skip to content

Одржана XXI – та седница на Совет за развој на Вардарски плански регион

ДАТУМ

декември 30, 2024

На 27.12.2024 во општина Неготино се одржа XXI-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

 

  • На седницата присуствуваа градоначалниците од Вардарскиот плански регион и се дискутираше по точките на дневниот ред.

  • Претседателот на советот на Вардарскиот плански регион му даде збор на Директорот на центарот кој што ги образложи точките од дневниот ред и по чие што излагање беа донесени следниве одлуки :

  • Одлука за усвојување на Акционен план за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2025 година;

  • Одлука за усвојување на Финансиски план за Центар за развој на Вардарски плански регион за 2025 година;

  • Одлука за усвојување на Комуникациска стратегија за 2024 – 2026 година: “Унапредување на транспарентноста на центрите за развој на планските региони” – Центар за развој на Вардарски плански регион;

  • Во рамките на седницата беше одржан и Ден на регионот и беа презентирани :
     
    🎯 реализираните проекти и достигнувања во рамки на Вардарскиот плански регион,
     
    📚комуникациската стратегија која има за цел подобрување на меѓусебната соработка и развој на регионот,
     
    🎬 видео запис од релизирани проекти во изминатиот период 2022-2024

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy