Skip to content

“Подобрување на животната средина преку набавка на специјализирани возила во општините од Вардарскиот плански регион”

ДАТУМ

јули 16, 2025

✒️ На 14.07.2025 (понеделник) во Бирото за регионален развој во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, се потпиша договорот за финансирање и реализација на проектот: “Подобрување на животната средина преку набавка на специјализирани возила во општините од Вардарскиот плански регион”.
🎯 Во овој проект се опфатени општините Градско, Свети Николе и Кавадарци, а се доделени средства во вкупен износ од 9.047.713 денари.
 
📅📝 Набавката на специјализираните возила ќе биде поделена на :
 
🚛⛽️ Општина Градско“Набавка на камион цистерна” со вкупна вредност од 3.700.00,00 денари од кои 3.100.000,00 денари од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а остатокот од 600.000,00 денари кофинансирање од општина Градско.
 
🚜 Општина Свети Николе / Municipality of Sveti Nikole“Набавка на комбиниран багер” со вкупна вредност од 3.300.00,00 денари од кои 2.973.857,00 денари од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а остатокот од 326.143,00 денари кофинансирање од општина Свети Николе.
 
🚛 Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci“Набавка на машина за собирање на смет – ѓубретарка (количина 2 – две)” со вкупна вредност од 3.870.00,00 денари од кои 2.973.856,00 денари од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а остатокот од 896.144,00 денари кофинансирање од општина Кавадарци.
 
🎯 Реализација на проектите започнува веднаш по објавување на постапката за јавна набавка!
 
 
 
 
 
 
 
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy