Skip to content

Работилница за поттикнување на иновативноста во производството на прехранбени производи и за претставување на можностите за соработка во рамките на Прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти

Работилница за поттикнување на иновативноста во производството на прехранбени производи и за претставување на можностите за соработка во рамките на Прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти

Центарот за развој на Вардарски плански регион и Технолошко-техничкиот факулетет од Велес, преку Грантова шема за иновативни проекти, а во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ формираа ПРЕХРАНБЕНО-ТЕХНОЛОШКИ ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ. Овој технолошки Центар претставува долгорочен стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентност преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис секторот од прехранбената индустрија и академската институција во Вардарскиот плански регион. Проектот е финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

Со задоволство Ве покануваме да учествувате на Работилницата организирана со цел поттикнување на иновативноста во производството на прехранбени производи и претставување на можностите за соработка во рамките на Прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти (ПТЦ), што ќе се одржи на 24.02.2021 (среда) во два термини од 10:00 до 12:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот во просториите на Технолошко-техничкиот факултет во Велес.  

Во текот на работилницата ќе бидат претставени целите и формите на соработка во рамките на формираниот Прехранбено-технолошкиот центар (ПТЦ) и ќе бидат елаборирани иницијални идеи за соработка и зајакнување на врската академија-бизнис сектор.

Се надеваме на интерес и одзив на овој настан од Ваша страна, како и на идна соработка во рамките на формираниот Прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти

Date

Фев 24 2021
Expired!

Time

10:00 - 14:00