Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 03.12.2020 година (четврток), ја одржа онлајн XIV -та Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.
На оваа Седница беше извршена финална презентација со преглед на предлог концептите со предвидена буџетска рамка кои ќе се развијат во апликациони формулари, од страна на експертот Весна Кузмановиќ до предвидениот рок за аплицирање.
Веднаш потоа, се утврди и годишната листа на предлог проектите кои би се финансирале од Бирото за регионален развој, по редослед кој беше претходно рангиран од страна на учесниците во форумскиот процес.
Исто така, беше извршена и презентација од страна на експертскиот тим на Преда Плус на Нацарт Програмата за развој на Вардарски плански регион 2020-2024 година, поддржана преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.
No comment yet, add your voice below!