Центарот за развој на Вардарски плански регион функционира како стручно административно тело на Советот за развој на вардарски плански регион. Согласно територијалната поделба на Република Македонија на осум плански регион и одредбите од Законот за рамномерен регионален развој за формирање на техничко тело на услуга на регионалниот развој во Вардарскиот плански регион, Центарот за развој на Вардарски плански регион е со седиште во Општина Велес како општина со најголем број на жители.
Согласно Законот за рамномерен регионален развој, Центарот за развој на планскиот регион ги врши следниве работи:
- ја изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион,
- изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион,
- подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби,
- ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион,
- обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој,
- обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој,
- обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој,
- ја поттикнува меѓуопштинската соработка во рамките на планскиот развој,
- спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори,
- врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
- врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.
Цели и приоритети
Утврдувањето на целите и приоритетите во Вардарскиот плански регион и дефинирањето на Визија е изготвено врз основа на стратегиска анализа и дијагностицирање на состојбата во регионот.
- Зголемување на конкурентната способност на регионот и обезбедување на квалификувана и едуцирана работна сила според потребите на стопанството
- Развој на транзитен, одржлив и културен туризам
- Подобрување на инфраструктурата и енергетските потенцијали во регионот
- Обезбедување на услови за подобрување на животната средина во регионот
- Креирање на регионално одржливо земјоделство и одржлив рурален развој
- Развој на ефективен образовен систем кој ќе биде базиран на вредности, ќе биде широко достапен и ќе биде во состојба да ги подготови корисниците за животните предизвици
Организациска поставеност
Основачи на Центарот за развој на Вардарски плански регион се Единиците на локална самоуправа од Вардарски плански регион.
Градоначалници на Општините од Вардарскиот плански регион:
- Г-дин Аце Коцевски, Градоначалник на Општина Велес и Претседател на Совет за развој на Вардарски плански регион
- Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци, член
- Г-дин Тони Делков, Градоначалник на Општина Неготино, член
- Г-дин Сашо Велковски, Градоначалник на Општина Свети Николе, член
- Г-дин Роберт Бешовски, Градоначалник на Општина Градско, член
- Г-дин Горан Стојановски, Градоначалник на Општина Чашка, член
- Г-дин Бранко Јанев, Градоначалник на Општина Росоман, член
- Г-дин Ацо Велковски, Градоначалник на Општина Лозово, член
- Г-дин Лазар Петров , Градоначалник на Општина Демир Капија, член