Skip to content

Прва Регионална Форумска сесија

Прва Регионална Форумска сесија

Центарот за развој на Вардарски плански регион во рамки на „Регионалните консултации – форуми“ организирани и спроведени од страна на Бирото за регионален развој – Министерството за локална самоуправа, започнува со реализација на циклус на Регионални форуми финансирани од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Амбасада.
Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.
На првата форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со форумскиот процес, да дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со избраната област и да предложат приоритетни решенија.

Date

Ное 04 2022
Expired!

Time

11:00 - 14:00
Хотел International Palace

Location

Хотел International Palace
Велес
Website
https://internationalpalace.mk/