Skip to content

Презентација и Обука на агрометеоролошки мерни станици за смарт земјоделство

Презентација и Обука на агрометеоролошки мерни станици за смарт земјоделство

Центарот за развој на Вардарски плански регион во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година финансирана од страна на Биро за регионален развој – Министерство за локална самоуправа, успешно го имплементираше проектот “Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство“.

 

За таа цел ќе се одржи “Обука и презентација на агрометеоролошките мерни станици за смарт земјоделство”, како активност со која го заокружуваме овој проект.

 

Истата ќе биде реализирана од економскиот оператор ГМ Метео (кој што ги инсталираше мерните станици во рамките на овој проект).

 

Датум : 17.11.2022 година (четврток)

Почеток : 10:00 часот

Локација : ресторан Моклиште – Кавадарци.

 

АГЕНДА

 

10:00 – 10:05 Отворање на презентацијата

10:05 – 10:20 Прецизно земјоделство – трендови во овоштарството – проф. д-р Виктор Ѓамовски, Земјоделски институт – Скопје, УКИМ.

10:20 – 10:45 Функционирање и придобивки од Агрометеоролошки станици Метеобот

10:45 – 11:15 Презентација на www.agrovardar.mk

11:15 – 11:35 Одржување и сервисирање на станиците и проектот

11:35 –  Прашања и дискусија

11:50 – Закуска

Date

Ное 17 2022
Expired!

Time

10:00 - 12:00
Хотел и ресторан Моклиште

Location

Хотел и ресторан Моклиште
Моклиште, Кавадарци
Website
http://restoranmokliste.com/index.php