Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Сл. Весник бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12,13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18, 110/19 и 267/20), согласно Договор за реализација на проект “Поддршка на социјалните претпријатија во Вардарски плански регион” дел.бр.08-93/3 од 12.05.2021 година, финансиран од ЕУ, спроведен од конзорциум Ептиса/Барка/Екорис во соработка на СП на Министерство за труд и социјална политика и Согласност за вработување од Претседател на Совет за развој на Вардарски плански регион дел. бр. 04-119/1 од 28.05.2021 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион, Велес, Одлука за распишување на Јавен конкурс од страна на ВД Раководител на Центар за развој на Вардарски плански регион дел.бр.04-119/2 од 07.06.2021 година, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на работник на определено време во времетраење од 6 (шест) месеци
I. Центарот за развој на Вардарски плански регион има потреба од вработување на:
II. Проектен координатор во Регионален центар за поддршка на социјални претпријатија во Вардарски плански регион, на определено време во времетраење од 6 (шест) месеци – 1(еден) извршител – нето плата 25.000,00 денари.
Кандидатот треба да има стекнато универзитетска диплома со стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити или завршено VII/1 степен,
општествени и хуманистички науки, со работно искуство од најмалку 5 години.
Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
Покрај општите услови предвидени со закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни знаења, вештини и способности:
- Тимска работа, професионално познавање на пишан и говорен англиски јазик, добри компјутерски вештини, управување со проектени циклуси, организациони способности за подготвување обуки/ семенири за едукација и советување за градење на капацитети и зајакнување на социјални претпријатија, граѓански организации и мали и средни претпријатија, познавање на регионален развој.
III. Јавниот оглас трае 5(пет) дена од денот на објавувањето.
Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 8 (осум) дена од денот на донесување на Одлука за избор на кандидатот.
Кандидатите треба да приложат:
- Kратка биографија CV;
- Заверен препис на уверение-диплома за завршено образование;
- Сертификат/диплома за познавање на англиски јазик;
- Потврда – диплома за познавање на работа со компјутери/MS Office;
- Доказ за работно искуство.
IV. Пријавата со потребната документација се доставува исклучиво до Центарот за развој на Вардарски плански регион, ул. Шефки Сали бр.4, 1400 Велес или лично во Архивата на Центарот за развој на Вардарски плански регион во временски период од 08:00 до 16:00 часот. (доставените пријави на друг начин, нема да бидат разгледани од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување)
Со кандидатите ќе биде спроведено интервју од страна на Комисија формирана од в.д. Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Кандидатите дополнително ќе бидат известени за времето и местото на одржување на интервјуто.
Центар за развој на Вардарски плански регион
В.д. Раководител
Д-р Игор Андреев
No comment yet, add your voice below!